еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 11 случаи на Ковид-19, оздравени 56, двајца починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 248 тестови, а регистрирани се 11 нови случаи со Ковид-19.

Од 11 новозаболени од Скопје се 9, Прилеп и Штип – по 1.

Од вкупниот број на позитивни регистрирана е една реинфекција.

Регистрирани се 56 оздравени пациенти, од Скопје се 21, Прилеп – 9, Битола – 8, Куманово, Кавадарци, Велес, Охрид и Штип – по 3, Неготино – 2, Тетово – 1.

Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, регистрирани се две починати лица од Скопје. Починатите лица се на возраст од 66 до 80 години. Едно лице е починато во болнички услови и едно во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 21.10 до 22.10.2022 година.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 343.927, бројот на оздравени пациенти е 334.129, на починати е 9.561, а бројот на активни случаи изнесува 237.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поскапувањата на цените на струјата, бензинот и храната, најголем проблем и за Грците

Редакција

Сузбиена криминална група за препродажба на кокаин: Приведени пет лица од Арачиново и Неготино

Редакција

(Видео+Фото) Шампионска емисија: Новак Ѓоковиќ и екипата на „Медена земја“ во „Еден на Еден“

Редакција