Во последните 24 часа од направени 892 тестови, регистрирани се 185 нови случаи на Ковид-19, регистрирани се вкупно пет починати, едно во последното деноноќие и четири преку системот „Мој термин“, и 307 оздравени пациенти, информираат од Министерството за здравство, повикувајќи се на податоци од Институтот за јавно здравје.
Од новорегистрираните 185 од Скопје се 96, Битола – 13, Берово – 8, Кавадарци – 7, Делчево – 6, Куманово, Тетово, Гостивар и Штип – по 5, Прилеп, Охрид и Кичево – по 4, Кочани, Ресен, Свети Николе и Крива Паланка – по 3, Велес и Гевгелија – по 2, Струмица, Неготино, Валандово, Пробиштип, Кратово, Богданци и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 55 реинфекции.
Од регистрираните 307 оздравени пациенти, од Скопје се 157, Куманово – 21, Битола – 20, Велес –15, Делчево – 13, Прилеп – 11,Тетово – 9, Кочани – 8, Крива Паланка – 7, Берово и Кавадарци – по 5, Гостивар, Штип, Охрид, Гевгелија и Неготино – по 4, Богданци – 3, Кичево, Ресен, Струмица, Дебар и Крушево – по 2, Струга, Радовиш и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице, од Скопје (74г). Лицето е починато во болнички услови.
Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин регистрирани се 4 лица, по едно лице од Битола, Ресен, Радовиш и Охрид, починати во период од 03.08.2022 до 25.08.2022 година. Починаите се на возраст од 73 – 82 години. Две лица се починати во болнички услови и две во домашни услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 340.695, бројот на оздравени пациенти е 329.741, на починати е 9.495, а бројот на активни случаи изнесува 1.459.
Фото: МЗ