Во изминатите 24 часа направени се 349 тестирања, а потврдени се 29 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-9, Куманово-1, Прилеп-6, Тетово-5, Струга-2, Велес-2, Битола-2, Охрид-2, информира Министерството за здравство.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 1.723, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 393.
Последната дистрибуција по градови е: Скопје – 588, активни 138, Куманово – 411, активни 47, Дебар – 51, активни 0, Штип-35, активни 1, Прилеп –190, активни 62, Тетово – 126, активни 63, Струга – 69, активни 6, Велес – 111, активни 49, Битола –25, активни 6, Охрид –17, активни 2, Кавадарци – 5, активни 0, Гостивар –19, активни 3, Гевгелија – 4, активни 0, Струмица – 2, активни 0, Крива Паланка- 6, активни 2, Радовиш – 4, активни 0, Крушево – 3, активни 0, Кочани – 31, активни 4, Пробиштип – 2, активни 0, Кичево – 2, активни 0, Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, активни 0, Македонски Брод – 2, активни 0, Пехчево- 3, активни 1, Делчево-1, активни 0, Валандово -1, активни 1, Виница – 2, активни 0, Кратово-2, активни 2, Берово-1, активни 1.
“Направените 349 теста се преку: Институтот за јавно здравје –211, Ветеринарен факултет -27, Авицена –17, Биотек -34, Филип Втори (Жан Митрев) –33, Систина со PCR метода -10 и МАНУ -17.
Досега во земјата се направени вкупно 20.088 тестирања на Ковид -19.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 5 пациенти, а вкупно хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 20 пациенти, на механичка вентилација се 3 пациенти.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 11 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 27. На респираторна машина се 4 пациенти и уште 3 се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 3, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти.
Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, нема повеќе пациенти кои се следат на домашно лекување.
На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 49 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19“, велат од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Купената облека и обувките наместо во бутик ќе ги пробуваме дома