еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Нови две деца и еден возрасен со мали сипаници, досега хоспитализирани 26 лица

Министерството за здравство соопшти дека денеска до 13 часот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се хоспитализирани уште две деца и еден возрасен, со симптоми на морбили.

Во моментов има 26 хоспитализирани пациенти од морбили.

Најмладиот пациент е осуммесечно бебе, а највозрасната пациентка има 43 години од Скопје и е мајка на едно од заболените деца. Сите новопримени пациенти имаат клиничка слика на заболени од морбили (мали сипаници).

Досега во сите вакцинални пунктови во Скопје вакцинирани се вкупно 2.008 лица, а само денеска до 13 часот МРП вакцината ја примиле 104 деца, информираат од Министерството.

Од Министерството повикуваат на вакцинација на децата, иако е прогласена епидемија од морбили.

Има доволно количини од МРП вакцините. Вакцините кои се аплицираат во сите здравствени домови се со проверен квалитет, од европски производител и имаат добар рок на траење, посочуваат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се симптомите и како се пренесуваат мали сипаници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во декември лани температурата во Македонија била за 1,9 степени повисока од просечната

Редакција

„Блумберг“: „Отфрлената“ вакцина на Путин стана омилена во борбата против пандемијата

Редакција

ДИК: Излезноста до 17 часот 38,23 проценти, цензусот е извесен

Редакција