Новиот сој на Ковид-19 „кракен“ е најпренослив коронавирус познат досега, но за среќа, изгледа дека не е поопасен, вели микробиологот Никола Пановски за „Локално“.
„Затоа, постарите и оние со коморбидитети треба да избегнуваат гужви, да носат маски во продавници, банки, автобуси, помладите и здравите да живеат нормално, а ако имаат респираторна инфекција, било каква, да се изолираат пет дена
Се очекува да имаме зима полесна од претходните две, слична на оние години кога имало посериозни инфекции со грип, сега со корона, грип и други вируси заедно, под услов вирусите на грип да не бидат многу вирулентни, а за сега не се,“ вели Пановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што знаеме за „кракен“, новата варијанта на коронавирусот, која ни се заканува
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.