Заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу на својот фејсбук-профил напиша дека Полициската станица Петровец е во реален ризик од коронавирусот.
„Вирусот Ковид-19 почна да напаѓа и во Министерството за внатрешни работи. Потврдено дека имаме позитивни пет вработени во полицијата, додека во Полициската станица Петровец постои реален ризик! Ги повикуваме вработените во полицијата за поголемо внимание во соочувањето со настанатата состојба“, објави Нухиу на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Потстрижувањето стана „луксуз“ поради корона вирусот
Пласидо Доминго хоспитализиран поради компликации од корона вирусот
Филипче: Да не се стигматизираат заболените од коронавирусот и граѓаните во карантин
ОН: Може да се јави недостиг на храна поради корона вирусот
Фото: Фејсбук/Нухиу