Од денеска е во функција и кол-центарот – 0800 002 03 во Здравствениот дом во Скопје со цел да се зголеми капацитетот на телефонските линии, а од понеделник ќе функционираат и двата пункта за земање на брисеви – материјали во Поликлиниките во Јане Сандански и Чаир, каде што веќе е распределен стручен кадар.
„Денеска заврши и координативниот состанок со Здружението на матичните лекари кои ќе бидат вклучени во системот на закажување, преку системот Мој Термин, а после јавување на нивните пациенти кои ги избрале за матичен лекар.
Од понеделник, освен на телефонските линии за информации во Центрите за јавно здравје, во кол центарот пациентите ќе можат да се јават и кај матичните лекари доколку се постави индикација според електронскиот алгоритам кој што матичните лекари дотогаш ќе го имаат – да се закаже земање на материјал во еден од двата пункта,“ информираше министерот за здравство Венко Филипче на неговиот фејсбук-профил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се пренесува ли коронавирусот по сексуален пат?
Вкупно 85 заразени со корона вирус: Регистрирани нови девет случаи