еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Објавена Шангајската листа, и годинава во првите илјада нема македонски универзитет

На врвот на најновото рангирање на универзитетите во светот во 2023 година на Шангајската листа и натаму се универзитетите од САД – Харвард, Стенфорд и Институтот за технологија Масачусетс (МИТ).

На листата меѓу првите илјада универзитети во светот и годинава нема ниту еден од нашата држава.

На четврто место е Универзитет во Кембриџ во Обединето Кралство, на петтото место е Универзитет на Калифорнија во Беркли, а потоа следува „Принстон“ во САД. На седмото место е Универзитет во Оксфорд во Обединето Кралство, а осмото место е за „Колумбија“ во САД. Потоа следуваат Технолошки институт во Калифорнија, како и Универзитет во Чикаго.

Кај универзитетите во регионот, забележано е подобрување кај Универзитетот во Белград, кој од позиција меѓу 401 и 500, сега е меѓу 301 и 400.

Универзитетот во Загреб го задржа минатогодишното рангирање меѓу 401 и 500 место.

Универзитетот во Љубљана е меѓу 601 и 700, а на листата се најдоа и четири грчки универзитети.

Освен од Македонија, на Шангајската листа нема ниту еден универзитет од Бугарија и Албанија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 89 заболени од Ковид-19, најмногу од Скопје

Редакција

Заев и Тачи договорија соработка за локалните избори

Редакција

„Брако“ со повеќе од 650 македонски добавувачи е двигател на македонската економија

Редакција