еМагазин
Image default
Македонија

Обезбеден привремен престој во Македонија за четворица авганистански новинари

Група од четворица новинари од Авганистан, на кои Македонија им обезбеди привремен престој до заминување во трета држава по барање на Меѓународната организација на новинари и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, изутринава пристигна на Меѓународниот аеродром Скопје.

Како што информираат од владината прес-служба, станува збор за ТВ и радио новинари кои работеле за локални медиуми и дописници за странски медиумски куќи, а по падот на демократската влада, добивале закани по живот од Талибанците.

По слетувањето е спроведена стандардната процедура – безбедносна проверка, заштита и ПЦР тест и лицата ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од организацијата Новинари за човекови права.

Во земјава во моментов престојуваат 534 граѓани на Авганистан за кои институциите им ја обезбедуваат и пружаат потребната поддршка и помош, додека од Македонија до сега заминаа 85 граѓани на кои траен престој им обезбедија Франција, Грција, Ирска, Португалија, Бразил и САД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот Клинички центар ќе биде во скопски Ѓорче Петров

Редакција

ДИК: Стево Пендаровски е нов претседател

Редакција

ДИК: Излезноста до до 11 часот е 14,18%

Редакција