еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска облачно со повремен локален дожд

Времето денеска претпладне ќе биде облачно со повремен локален дожд, а попладне променливо облачно. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со повремен дожд претпладне. Во текот на попладнето променливо облачно. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 18 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, до петок ќе преовладува променливо облачно и свежо време со повремен локален дожд.

Во четврток попладне и кон крајот на денот локално ќе има услови врнежите да бидат поројни. Од сабота следува период на стабилно време со пораст на дневната температура.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Д-р Даниловски: Се заразуваат и вакцинирани зошто се вакцинираа со кинески вакцини

Редакција

Воведени се три нови типови на инсулин, еден од нив наменет за децата

Редакција

Почина филологот, научник и професор Атанас Вангелов

Редакција