еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителство денеска започна со испитување на очевидци на автобуската несреќа

Заради координација и поголема динамика во постапувањето на сите надлежни институции при утврдувањето на причините на автобуската несреќа што се случи на автопатот Скопје-Тетово кај с. Ласкарци, во Основното јавно обвинителство Скопје денеска се одржа работен состанок на претставници од надлежното обвинителство, Министерството за внатрешни работи, Бирото за судски вештачења, Машинскиот факултет во Скопје и на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, информираат од Јавно обвинителство.

„Со цел да се обезбеди динамика во утврдувањето на сите релевантни факти и причините кои доведоа до несреќата, Основното јавно обвинителство Скопје во текот на денешниот ден започна со испитување на очевидците на настанот, а во текот на неделата свој исказ пред надлежен јавен обвинител ќе даде и возачот на автобусот.

Од Министерството за внатрешни работи до Обвинителството денеска беа доставени скицата, фотодокументацијата и други писмени прилози во поглед на сообраќајната несреќа, а во текот на денот ќе биде доставен и записникот за извршениот увид на местото на настанот.

Претходно, постапувајќи по првичното известување од Министерството за внатрешни работи доставено во петокот, Обвинителството уште истиот ден изготви наредби за обезбедување други писмени докази од правното лице „Дурмо турс“ – сопственик на автобусот, како и од ресорните министерства за транспорт и врски и за внатрешни работи.

До Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија беа доставени наредби за обдукции на сите починати лица, а од здравствените установи беше побарана комплетната медицинска документација за повредените.

Исто така, беа побарани листинзите од мобилниот телефон на возачот, а за самиот телефон беше изготвена наредба за вештачење, со цел да се утврди дали ви критичното време возачот активно користел некоја од комуникациските врски на тој телефон.

До Машинскиот факултет во Скопје во петокот беше доставена наредба за вештачење на техничката исправност на автобусот во моментот на несреќата“, се вели во соопштението на Обвинителстство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Филипче сведок на емотивен момент: Садет ја најде Јасмина на која и помогна при автобуската несреќа кај Ласкарци

„Дурмо турс„ сам на себе си правел технички преглед: Лавина од реакции на социјалните мрежи

(Видео) Сопственикот на „Дурмо турс“ за несреќата за „Телевизија 24“ вели: Веројатно станува збор за здравствен проблем на возачот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Една година Magenta Moments: Најдобрата дигитална програма за подароци, поволности и попусти за корисниците

Редакција

(Фото) Нови MINI автомобили: Подгответе се за нови, возбудливи, урбани приказни

Редакција

Tешко повредени возач и медицинска сестра од кочанската Брза помош и тешко болен пациент од Ковид-19

Редакција