еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителство: Извршен претрес во неколку стана во Скопје во врска со предметот „Плацеви на Водно“

По барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска е извршен претрес во повеќе објекти.

Претресот е во рамки на истражните дејствија во предметот во јавноста познат како „Плацеви на Водно“, информира во соопштение Јавното обвинителство (ЈО).

Од ЈО најавуваат дека Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција продолжува во континуитет да презема дејствија во насока на целосно расчистување на предметот.

Во случајот „Плацеви на Водно“ се осомничени поранешниот премиер, кој е во бегство, Никола Груевски и Ристо Новачевски, Сашо Мијалков, Јордан Камчев, неговата мајка Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Откриени нови станови на Груевски, едниот е на име на секретарка

Претреси во станот на Миле Јанакиески во Прилеп и во станови на Никола Груевски во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Можно е продолжување на вонредната состојба за уште еден месец

Редакција

(Фото) Делчевец со телесен инвалидитет заработил паркинг казна во Скопје и покрај уредно платено паркирање

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 28 пациенти, а вкупно се лекуваaт 350

Редакција