еМагазин
Image default
Македонија

Обвинителството побара продолжување на притворот за Катица Јанева

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поднело барање за продолжување на притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева.

Триесетдневниот притвор на Јанева, која е осомничена за случајот „Рекет, и истекува в петок.

Нејзината адвокатка Ирена Фрчковска, пак, вчера до Судот поднесе барање за укинување на мерката притвор за поранешната специјална јавна обвинителка.

„Отпаднати се основите за определување мерка притвор и целта може да се постигне и со друга мерка, не мора да се оди со најстрогата по закон. Сметаме дека основите се отпаднати со самото нејзино разрешување од СЈО и од ОЈО Гевгелија. Сето ова е наведено во предлогот и ќе видиме каква одлулка ќе донесе Судот“, изјави Фрчковска.

Таа посочи дека бараат Јанева да се брани од слобода, за што предложиле и други мерки за обезбедување, како и гаранција во недвижен имот.

Сегашната мерка притвор на Катица Јанева и беше изречена по три основи – опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на делото.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот нуди Јанева како гаранција за да излезе од притвор?

Има ли шанса Катица Јанева од Шутка да заврши во домашен притвор?

Поднесено барање за укинување на притворот на Јанева, одбраната очекува одлука до петок

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само еден од новопочинатите од корона вирусот имал контакт со потврден случај

Редакција

Министерот Бујар Османи на нова турнеја во Берлин, Копенхаген и Стокхолм ќе бара забрзување на евроинтеграциите

Редакција

МНР со детали за повлекувањето на амбасадорот од Прага

Редакција