еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителството постапува во случајот со двојното убиство на Кале, вели Бубевски

Обвинителството во овој случај постапува и дежурен обвинител има излезено на лице место, има дадено одредени насоки во однос на криминалистичко прибирање на доказен материјал и негово обработување, но фазата на откривање е во целост на органите на откривање, во овој случај МВР, изјави претседателот на Основното јавно обвинителство – Скопје, Гаврил Бубевски.

Одговарајќи на новинарско прашања, до каде е истрагата за убиството на Кале, Бубевски, рече дека согласно Закон за кривична постапка за вакви кривчни дела, прво орган што се известува е МВР, а веднаш потоа и Обвинителството.

– Координацијата на сето тоа го прави јавен обвинител, меѓутоа откривачка функција и начинот на кој ќе дојдат до одредена трага, сознание и сето тоа, сепак е криминалистичка работа, која повеќе познавање и знаење има полицијата, изјави Бубевски.

Она што треба јавниот обвинител да го даде, посочи Бубевски, е дадено и тоа е се што можам да кажам во овој момент.

Прашан до каде се истрагите за претходните мафијашки пресметки и убиства, како таа на Рузвелтова, Бубевски, рече дека сите нерасчистени убиства не се затворени предмети и за нив се прибира доказен материјал.

– Некои се споредуваат дали се појавуваат исти работи на различни места. Се уште ова е фаза на постапка, каде не можам да кажам дали ќе има конкретен завршеток за одреден од нив, изјави Бубевски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новозаразени со Ковид-19 од скопјанец, кој дошол на гости во Штип

Редакција

ЕЛЕМ за времени вработувања ќе ја ангажира Контакт бизнис

Редакција

Вкупно од Ковид-19 се заразиле 61 бремени жени, 29 биле без симптоми

Редакција