еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Очув со тупаници удирал едногодишно дете по глава додека го превезувал кај дадилката

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против 34-годишен скопјанец за кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик.

„Обвинетиот се товари дека го сторил делото на 23.12.2019 година, околу 12 часот, кога неговата вонбрачна партнерка му го оставила нејзиното едногодишно дете за да го однесе кај претходно ангажирана дадилка.

Обвинетиот очув, додека бил сам со детето во домот и додека го превезувал во возило, го малтретирал удирајќи го со тупаници во пределот на главата и лицето, при што му нанел телесни повреди изразени во вид на крвни подливи.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе и Посебен предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице, проценувајќи дека неговото присуство во текот на кривичната постапка и непреченото водење на постапката не би можеле да се обезбедат со друга мерка“, се вели во соопштението на Обвинителство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонскиот бизнисмен Гешовски прогласен за менаџер и личност на годината на Самитот на најуспешни менаџери од Југоисточна Европа во Сараево

Редакција

(Фото) Кој се е добитник на годишните награди на Македонската берза за 2022

Редакција

Обвинет за убиството и грабнувањето на Вања и Панче префрлен на Клиниката за нефрологија

Редакција