еМагазин
Image default
Македонија

Од 1 до 10 јуни не очекува потоп од поројни дождови и град: Надлежните да се подговат

Од 1 до 10 јуни се очекуваат поинтезивни врнежи од дожд, а во попладневните часови може да бидат поројни, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување повикувајќи се на известување на Weather4all.mk.

Според најавите, велат од ДЗС, се очекува за кратко време да наврнат од 5-10л/м2, а за десет дена се очекуваат над 100л/м2 воден талог. Поради најавени високи температури не се исклучени и форми на невреме проследени со силен ветер и град.

Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека ги известуваат сите Подрачни одделенија за заштита и спасување и Единиците на локалната самоуправа за потребата од превземање мерки и координирани активности во рамките на своите надлжности.

ДЗС апелира до надлежните навреме да се проверат шахтите и одводите на критичните точки во градовите низ земјава, како и главните одводни канали, со цел успешно превенирање од можноста за поплавување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија: Западот на најгруб начин се меша во внатрешните работи на Македонија и со сила сака да ја внесе во НАТО

Редакција

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Јадранка Поцкова позитивна на Ковид-19

Редакција

Антикорупциска комисија отворила предмет за братот на вице-премиерот Кочо Анѓушев

Редакција