Министерството за здравство (МЗ) информира дека неделно ќе ја информира јавноста за починати лица со Ковид-19, кои биле комплетно вакцинирани, какви хронични заболувања имале починатите и колку од починатите со каков тип вакцина биле вакцинирани.
За комплетно вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози вакцина, а од ревакцинацијата поминале повеќе од 14 дена.
Според анализата на МЗ, во период од 08.10-14.10.2021 година, починале 105 пациенти со Ковид-19, од нив над 75% биле невакцинирани.
“Од вкупно починатите пациенти во период од 8.10 до 14.10, само 26 пациенти починати со Ковид-19, биле вакцинирани.
Само еден од починатите пациенти немал хронично заболување и имал 80 години“, стои во анализата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
17 лица кои починале од Ковид-19 минатата недела биле вакцинирани со Синофарм
Фото: МЗ