еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од ДУИ објаснуваат: Ахмети не спомнал непријателски медиуми, туку агресивни тонови од граѓаните во контактните емисии на Алфа и Телма

На синоќешниот собир со граѓаните во Гостивар, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети зборуваше за недостигот на ангажман од страна на македонските политички партии со граѓаните во контекст на односите со Албанците, затоа што е вознемирувачка омразата кон албанските лидери на државните институции, која се прикажува од македонските граѓани во контактните емисии на македонските телевизии со етикети како Бугар Османи, Артан Груби терористот, навреди кон самиот Али Ахмети и другите, велат од партијата.

-Тоа е последица на неработењето на македонските политички партии со граѓаните и намерното продлабочување на поделбите помеѓу народот.

Ахмети не спомна непријателски медиуми, туку агресивни непријателски тонови од страна на граѓаните, поттикнати од политичките партии во контактните емисии на овие телевизии.

Господинот Ахмети и ДУИ се сојузници на медиумите, граѓанското општество и слободата на говорот, а тоа го имаме докажано во изминатите 22 години во нашето секојдневно дејствување, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Али Ахмети не смее да етикетира медиуми, регираат од Здружението на новинарите на Македонија

Ахмети им залепи етикета на Телма и Алфа дека биле „непријатели на Албанците“

Фото: ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Болниците „крцаат“, пациенти со Ковид-19 сместени и во модуларната болница од Инфективна клиника

Редакција

Објавена фотографија од Беран Алији по потекло од Гостивар, првоосомничениот за планирање терористички напад на концерт на Свифт

Редакција

Судот го одби барањето на обвинетите за запирање на постапката за „Титаник“

Редакција