Насер Зибери не стана прв премиер Албанец, но стана народен правобранител, повторно по предлог на владејачката ДУИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Насер Зибери избран за народен правобранител
Какво образование има
Зибери е роден во 1961 година во Ласкарци, Општина Сарај, Скопје.
Завршил Правен факултет.
Интересно во неговата биографија е дека извесен период работел и како новинар во весникот „Флака е влазеримит“.
Влез во политика
Во 1990-тите се вклучил во политиката, станувајќи претседател на огранокот на ПДП во Општина Карпош.
Во периодот од 1994 до 1998 година пак бил генерален секретар на ПДП.
На Парламентарните избори во 1990 и 1994 година бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ПДП.
Како пратеник според неговата биографија бил член на претседателството и координатор на пратеничката група на ПДП во Собранието, претседател на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Турција, член на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на Кралство Норвешка, Република Финска, Кралство Шведска, Кралство Данска и Република Исланд.
Во периодот од февруари 1996 до ноември 1998 година бил министер за труд и социјална политика и потпретседател на Владата на Република Македонија.
На Парламентарните избори во 1998 година повторно бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ПДП.
На парламентарните избори во 2020 година, пак ДУИ го промовираше Зибери прв кандидат Албанец за премиер.
Претходно, по неколку годишното повлекување од политичката сцена, Зибери работеше како нотар, а на јавноста најмногу и е познат по честите појавувања во разни дебатни емисии по македонските телевизии.
Фото: ДУИ