Подрачјето на Македонија за време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе биде под влијание на серија влажни бранови. Времето ќе биде променливо облачно, наместа со врнежи од дожд со променлив интензитет, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Утре ќе биде релативно топло со сончеви периоди, а в недела и понеделник врнежи ќе има на повеќе места. Локално ќе биде нестабилно со пообилен дожд од над 40 литри на квадратен метар и појава на грмежи.
Ќе дува умерен до засилен, а повремено и силен ветер од јужен правец, со над 60 километри на час.
Од понеделник температурите ќе бидат пониски и на повисоките планини ќе има повремени врнежи од снег.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.