еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Одбиена жалбата на Мијалков за притворот за „Империја“

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 ја одби жалбата на поранешниот директот на УБК, Сашо Мијалков за притворот во случајот „Империја“.

-Постапувајќи по жалба на одбраната на обвинетиот С.М. изјавена против решение на судија на претходна постапка со кое се прифаќа предлогот на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите за определување мерка притвор во предметот од обвинителството означен како „Империја“, кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 во текот на вчерашниот ден, одржа јавна седница во присуство на странките.

По произнезување на странките како и ценење на фактите и доказите во жалбата, советот донесе решение со кое ја одби жалбата и го потврди решението на судија на претходна постапка, на начин што определи мерката притвор да продолжи да опстојува поради постоење на причините предвидени во член 165 ст.1 т.1 од ЗКП, соопшти Кривичниот суд.

За Мијалков има четири обвиненија и тоа за предметите „Таргет-Тврдина“, „Тортура“, „Трезор“ и „Титаник 2“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Само во Македонија: Двајца поранешни директори на УБК во притвор

Мијалков во притвор за „Империја“: Судот му го укина притворот за „Таргет-Тврдина“

Пратеничката Нола Исмајлоска Старова: Не бев присутна кога го апсеа Сашо Мијалков

И Мијалков, како Камчев сместен во „хашка соба“ во затворот во Шутка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата вработува десет државни службеници, плата до 25.041 денар

Редакција

Мицкоски побарал вонреден конгрес за да се гласа за негова доверба, ЦК на ВМРО-ДПМНЕ одбил

Редакција

Детален преглед на состојбата со заразени од корона вирусот во македонските болници

Редакција