Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека земјите кои протераа руски дипломати нема да ги затворат руските амбасади, бидејќи во спротивно ќе видат катанец на нивните амбасади.
Според неа, земјите кои протерале руски дипломати ќе добијат одговор кој ќе биде „тежок и во корист на Русија“, пренесе „Спутник“.
И Македонија, на 28 март, во просториите на Министерството за надворешни работи го повика рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин, кому му беше врачена дипломатска нота со која петмина вработени во Амбасадата на Русија се посочени како непожелни во земјава или персона нон грата.
Минатата недела, Германија, Франција, Шпанија и Италија, одлучија да протераат руски дипломати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија прогласи пет руски дипломати за персона нон грата
Фото: Руско министерство за надворешни работи