еМагазин
Image default
Македонија

Одложено судењето за „Титаник 3“, не дојде сведокот од Германија

Отсуството на сведокот Ресмије Аземи од Германија повторно го одложи рочиштето за предметот „Титаник 3“ за 19 февруари. Сведокот на 20 декември минатата година преку мејл го известила Судот дека од здравствени причини нема да може да патува следната половина од годината.

Судијката Марија Клетничка на денешното рочиште информираше дека сведокот Ресмије Аземи е запознаена со писмата и поканите на испратени од Судот.

„Воедно и од страна на Министерството за правда на Република Северна Македонија до Судот не е доставен одговор за да се воспостави видео – конференциска врска. Сведокот е запознаен со писмата и поканите на испратени од Судот“, рече Клетничка.

Освен на 19 февруари нови рочишта за предметот „Титаник 3″ се закажани за 26 февруари и 25 март. Обвинети во овој предмет се актуелниот пратеник на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури.

Според обвинението покренато од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), обвинетите се товарат за изборни нерегуралности во Чаир, во локалните избори одржани во 2013 година.

Последното рочиште за овој предмет што беше закажано на 4 декември минатата година беше одложено, бидејќи не беше обезбеден сведокот што има пријавено живеалиште во Германија.

Судската постапка за „Титаник 3”  досега двапати беше почната од почеток.

Откога судијката Оља Ристова во март минатата година се иззема од овој предмет, за нов претседател на Судечкиот совет беше избрана судијката Марија Клетничка. Застапници на обвинението се обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинетиот за „Титаник 3“, Исмет Гури вели дека случајот е монтиран

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Панче Жежовски убиен за долг од 500 евра, со неговиот автомобил киднапирана Вања

Редакција

Владата го овласти амбасадорот Талески да изрази согласност за приемот на Шведска и Финска во НАТО

Редакција

„Брисел Тајмс“: Бугарското вето за преговорите со Македонија ја покажува опасноста од политичкото мешање во историјата

Редакција