еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Продолжува да се зголемува бројот на загинати од пожарите во Грција

На две седмици по катастрофалните пожари во источниот дел на областа Атика, бројот на жртвите се зголеми на 91 лице, откако утрово, 95-годишна жена им подлегна на повредите во болница во Атина, јави дописничката на МИА од Атина.

Според последното соопштение од грчката противпожарна служба од пред 3 дена, во Дирекцијата за криминални истраги на грчката полиција биле идентификувани 81 лице и постојат 2 неидентификувани тела со достапна ДНК, но кои никој до сега не ги побарал.

Во грчките болници во изминатите речиси 2 седмици по катастрофалниот пожар, на повредите им подлегнаа осум лица.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, во атинските болници се лекуваат 36 повредени лица, од кои 6 се во сериозна состојба, додека пак хоспитализирано е и едно дете, но е вон животна опасност.

МИА/Фото: Greek reporter

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема зима за акционерите на „Тетекс“

Редакција

Рамно на чудо е да очекуваме некаков договор помеѓу Скопје и Софија за францускиот предлог, но одлуката е на политичките актери, вели Кацарска

Редакција

Сончево и топло до петок, викендот облачно и постудено

Редакција