еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

МНР: Одржан првиот состанок на Меѓународната група на експерти помеѓу Северна Македонија и Грција

Денеска во Скопје се одржа првиот пленарен состанок на Меѓународната група на експерти, под раководство на шефот на делегацијата на Република Северна Македонија, проф. Ѓорѓи Филипов и на шефот на делегацијата на Хеленската Република, проф. Фотини Папартис, основана согласно член 1, став 3ж, од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената Спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, направена во Преспа на 17 јуни 2018 година, информираат од МНР.

„Двете делегации разменија мислења и разговараа за Деловникот за работа на Меѓународната експертска група, имајќи ги предвид заклучоците од претходните состаноци што се одржаа во Солун.

Ко-претседавачите на двете земји се согласија следната средба да се одржи во Атина, на датум кој претходно ќе биде усогласен, а по можност да се одржи во првата недела од ноември 2019 година.

Меѓународната експертска група ги охрабрува бизнис заедниците на двете земји да го започнат својот дијалог во духот на Преспанскиот договор“, информираат од Министерство за надворешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадорот Филипов ќе ја кординира македонската група која со грчката ќе преговара за трговските марки

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Ципрас со цитати од македонските поети Конески и Мартиновски му даде подршка на Заев

Редакција

Македонија и Албанија заедно ќе го штитат рибниот фонд во Охридското и Преспанското Езеро

Редакција

Грчките пилоти ќе го чуваат македонското небо бесплатно

Редакција