еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

(Фото) „Охрид SOS“ алармира за нелегални градежни активности на струшкото крајбрежје

Еколошката граѓанска иницијатива „Охрид SOS“ тврди дека нелегални градежни активности се спроведуваат на самиот брег на Охридското Езеро, во струшкиот дел од крајбрежјето.

Според стасусот објавен на нивната фејсбук страница, градежна механизација со камиони депонира големи количества материјал и шут на потегот од брегот меѓу кампот Ливадиштa до населбата Елен Камен.

Истовремено се тврди дека локалното население во текот на целиот јули било без водоснабдување заради дефект со пукната цевка, на која не можело да се интервенира затоа што била затрупана и тешко достапна од огромната количина нафрлана земја и шут.

Според „Охрид SOS“ жителите реагирале до инспекторатот за животна средина во Струга и до локалниот водовод, но не добиле никаков одговор.

Во статусот уште се обвинуваат пратениците од Струга, како и ресорните министерства и институции за негрижа за јавниот интерес и општото добро односно животната средина.

Фото: Фејсбук/Охрид SOS/Општина Струга

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради загадувањето: Зимскиот распуст за сите ученици продолжен за два дена

Редакција

Град Скопје ќе субвенционира клима-уреди

Редакција

Како само им текнува: Патека за велосипеди во Општина Аеродром што води кон дрво

Редакција