еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Окрупнувањето на десничарската проопозициска структура: ФРОДЕМ преминува во ВМРО-ДПМНЕ

За мене претставува посебна чест и задоволство да соопштам дека уште една десничарска проопозициска структура во Македонија се приклучува кон ВМРО- ДПМНЕ, а тоа е ФРОДЕМ, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Јас сум исклучително среќен што изминативе неколку недели можевме искрено, пријателски, братски да поразговараме за проблемите кои што заеднички ги идентификувавме. За истите тие проблеми се обидуваме да најдеме заеднички решенија бидејќи не треба да ги гледаме работите само од денеска за утре, туку треба да ги гледаме работите и така да им приоѓаме стратешки, визионерски.

Ценам дека ова окрупнување на опозициските партии во иднина ќе продолжи. Состојбата во Македонија е би рекол на ниво национална катастрофа, катаклизмична и алармантна, ова не го зборувам само со цел да звучам како опозициски лидер, туку едноставно го зборувам како човек.

Не може да најдеме и да издвоиме на кое поле Македонија е денеска држава која што блеска, како што тоа мафијата во Владата љуби да го каже. Буквално во економијата, во здравството, во образованието, културата, спортот, буквално на секој план ние денеска тонеме се повеќе и повеќе на дневна основа.

Затоа ги повикувам сите оние кои што гледаат политички противник во мафијата на власт, да ни се приклучат заеднички да се бориме против криминалот, корупцијата, понижувањата, омаловажувањата, срамот кои што се присутни веќе четврта година на македонската политичка сцена,“ изјави Мицкоски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влатко Ѓорчев ќе се кандидира за претседател на Македонија

Редакција

Тешко повреден полициски службеник откако бил нападнат од 13 лица во струмичко

Редакција

„Трајко ја изгуби можноста да биде викан „Трале“ од Мицкоски„: Твитер за пратеничкиот имунитет на Вељаноски

Редакција