Томас Бах, претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), се согласи со предлогот на јапонскиот премиер Шинзо Абе за префрлување на Игрите во Токио за следната година.
Денес, Абе, Бах и шефот на организациониот комитет на Олимпијадата, Јоширо Мори, одржаа видеоконференциски состанок на кој се разговараше за одложувањето на Олимпијадата поради пандемијата на коронавирусот.
– Предложив г-дин Бах да ги одложи Игрите за една година. Тој 100% се согласува со мене, изјави Абе.
Денес попладне ќе се одржи состанок на Извршниот комитет на ИОК на кој ќе треба оваа одлука да се официјализира.
Игрите во Токио требаше да се одржат од 24 јули до 9 август.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Лизгалиште во Мадрид претворено во мртовечница
(Видео) Италијански градоначалници „полудеа“ апелирајќи да се остане дома поради корона вирусот
(ВИДЕО) Како изгледа тестирањето за коронавирусот
(ВИДЕО) Хит на социјалните мрежи: Премиерот на БиХ не знае да стави медицинска маска