еМагазин
Image default
Македонија

ОН го доби писмото за новото име Република Северна Македонија: На ред Советот за безбедност

Обединетите нации потврдија дека и официјално се информирани од македонската Влада за новото име на земјата, Република Северна Македонија, изјави официјален претставник на Светската организација.

„Го добивме известувањето за новото име и Советот за безбедност и Генералното собрание ќе бидат информирани веднаш“, изјави претставник на ОН, кој побарал анонимност.

Македонија и Грција доставија заедничко писмо до генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, со кое го информираат за датумот на влегување во сила на Конечната Спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за Безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Добродојдовте во Северна Македонија: Сменето името на државата на граничниот премин Богородица

Скопје и Атина го информираа ООН дека стапија во сила Договорот од Преспа и името Република Северна Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европскиот суд ја казни Македонија поради повреда на правата на осумгодишно дете со посебни потреби

Редакција

На одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, лица од Бугарија ќе сакаат да ја дестабилизираат земјата, оцени Пендаровски

Редакција

„Новости“: Вратен пасошот на Македонецот Шефкет Демировски поврзан со аферата со оружје „Први Партизан“ во Србија

Редакција