ООУ „Лазо Ангелосвки“ ќе биде партнер во два Еразмус+ КА229 проекти во периодот од 2019 – 2021. година.
Првиот Еразмус+ КА229 проект е под наслов Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре (Young journalists of today – responsible digital citizens of tomorrow) во кој координатор е училиштето “Sveti Petar” од Ореховец, Хрватска, а партнерите во овој проект покрај ООУ „Лазо Ангеловски“ се училиштата “SCOALA GIMNAZIALA NR. 5” од Александрија, Романија , “Dositej Obradovic” од Чичевац, Србија и “IES Maestre de Calatrava” од Сијудад Реал, Шпанија.
Главната цел на проектот е развивање на медиумската писменост на учениците и наставниците на продуктивен начин преку публикување на дигитален училишен весник и креирање на работилници за медиумска писменост.
Проектни активности и резултати:
-Дигитален училишен весник (креиран од самите ученици).
– Веб страна на проектот.
– Работилници за развивање на медиумската писменост (за ученици, наставници и родители).
– 1 мобилност за тренинг на наставници (Хрватска).
– 4 ученички размени (Србија, Македонија, Шпанија и Романија) на теми: Моќта на медиумите, Медиумите и сензациолизмот, Лажни вести и Медиумите и социјалното однесување.
– Конкурси за најдобар постер, видео, текст/приказна и дигитален стрип по повод Интернационалниот ден за заштита на интернет.
– Дигиталн повеќе јазичен речник.
– Збирка со дигитални апликации за употреба во наставата.
– Збирка со добри пракси.
Вториот Еразмус+ КА229 проект е под наслов Кретаивни читатели (Creative readers) во кој координатор е училиштето “Josip Kozarac“ од Липовљани. Хрватска, а партнерите во овој проект покрај ООУ „Лазо Ангеловски“ се училиштата “Zakladni skola a Materska skola” од Опава, Чешка , “4 DIMOTIKO PEFKON” од Грција и “Saldus novada pasvaldibas Druvas vidusskola” од Салдус, Латвија.
Главна цел на овој проект е развивање на писменоста и поттикнување на учениците да читаат активно и критички со цел развивање на клучните компетенции и развивање на социјалната инклузија и зголемување на мотивацијата за читање.
Проектни активности и резултати:
– Обработка на лектирни дела со меѓупредметна корелација (македонски јазик со ликовно и музичко образование и странски јазици).
– Обработка на книжевни дела со употреба на иновативни техники.
– Снимање на видеа и пишување на брошура со примери на добра пракса.
– Консурси за обележување на Интернационалниот ден на мајчиниот јазик.
– Средби со писатели и поети.
– Веб страна на проектот.
– 1 мобилност за тренинг на наставници (Хрватска).
– 4 ученички размени (Чешка, Македонија, Грција и Латвија).
КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА