еМагазин
Image default
Македонија

Општина Куманово бара целосен карантин во градот

Денеска  во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување, во врска со превземање на активности и мерки од ширење на болеста Ковид-19 (корона вирус), информираат од Општина Куманово.

На состанокот биле донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

– Се бара од Министерство за здравство и Комисија за здравство да го засили човечкиот капацитет во ЦЈЗ Куманово со зголемување на бројот со епидемиолози и други стручни лица во интерес на непречено работење и спроведување на интензивни тестирања на територија на Општина Куманово.

– Ги информираме граѓаните дека ЈЗУ Општа Болница Куманово сите случаи кои не се со симптоми на вирусот COVID 19 туку само покачена телесна температура и слично ќе бидат упатени на Одделение за уво,грло и нос.

– Општински штаб за заштита и спасување и понатаму стои на став дека е потребен целосен карантин на територија на Општина Куманово.

-Се задолжува Општината да направи дополнителна набавка на заштитна опрема (маски, очила, униформи), средства за дезинфекција и опрема за дезинфекција (пумпи и возила).

-Се препорачува на сите маркети кои вршат трговија на прехрамбени продукти да воведат телефони за нарачка и екипи кои со заштитна опрема ќе вршат достава и наплата на истата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заболената лекарка од Куманово раскажува за состојбата со корона вирусот: Засега, освен главоболка и лесно кашлање, немам друг сипмтом

Ќе оди ли и Општина Куманово во карантин?

Фото: Општина Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тодоровиќ повеќе од три часа на распит во суд за „Феникс“, Обвинителство бара притвор

Редакција

Груевски ако побара, може да добива плата од 63 илјади денари од Собранието уште една година 

Редакција

Изречени 755 казни за неносење маска

Редакција