Забелешките наведени во нацрт-извештајот на УНЕСКО што ќе бидат разгледувани на 43-тата сесија на Комитетот за културно наследство што ќе се одржи наредниот месец во Баку, ја покажуваат фактичката состојба на Охридскиот регион, за која се нагласува дека била детектирана уште во Реактивната мониторинг-мисија на УНЕСКО спроведена во април 2017 година.
Во соопштението од Општина Охрид, се нагласуваат активностите што биле спроведени од страна на локалната и националната власт изминатите две години по однос препораките на УНЕСКО, при што во рамки на своите законски надлежности презела активности за исполнување на посочените барања.
– Важно е да се напомене дека во рамки на Извештајот освен негативните забалешки, посочени се и сите позитивни активности, на кои нашата локална самоуправа работеше заедно со владините институции.
Во делот на позитивните забалешки наведени се Одлуката за откажување од Проектот за изградба на Ски центарот на Галичица и Автопатот А3 од Охрид до Св.Наум и започнување на проектот за пренасочување на реката Сатеска во старото корито.
Исто така во однос на препораките донесена е и владина одлука за формирање на новото Јавно претпријатие „Колекторскисистем“ кое ќе ги преземе обврските за одржување, обновување и продолжување на Колекторскиот систем, што е важно во делот на препораките за подобрување на системот за отпадни води, се наведува во соопштението.
Од Општина Охрид уште посочуваат дека во тек е постапката за донесување на Планот за управуавање со природното и културното наследство на Охридскиот регион, а во понеделник е закажана Информативна сесија за Нацрт-извештајот за Стратегиската оцена на влијанието на животната средина од спроведувањето на тој план.
Се потсетува дека во владина процедура е и носење на нов Закон за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион.
– Во согласност со ставот на Владата на Република Северна Македонија и ние како Локална самоуправа цениме дека препораките од Извештајот на УНЕСКО треба да бидат стимул за сите институции и за граѓанитеза да сеработи посветено и со поголем интензитет за зачување на нашето уникатно светско природно и културно наследство, стои во соопштението на Општина Охрид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од Владата велат дека со внимание и сериозност пристапуваат по сите одлуки и препораки на УНЕСКО