еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Орце Камчев и Цветан Панделески преку бугарска фирма ги купуваат електраните на ЗК „Пелагонија“ за 24 милиони евра

На Собранието на акционери на ЗК „Пелагонија“ закажано за 13 февруари годинава ќе се одлучува по предлог одлуката за продажба на фирмата за производство на струја „Пелагонија енерџи“, објави компанијата преку Македонската берза.

Станува збор за голема зделка со заинтересирана страна со оглед на тоа што како купувач на „Пелагонија енерџи“ се јавува фирма од Бугарија чии сопственици преку други фирми се бизнисмените Јордан Камчев и Цветан Панделески кои пак посредно и директно се јавуваат и како акционери во ЗК „Пелагонија“.

Имено, купувач на 100 отсто од уделот во централата е бугарската фирма „Тиор“ која за тоа треба да плати 24 милиони евра.

Основачи на „Тиор“ се бугарските фирми „Камил – РМ“ и „Тимстрој фјужн“ кои поседуваат влог во висина од по 50% во основната главнина на „Тиор“.

Основачите на „Камил – РМ“ и „Тимстрој фјужн“ се лица поврзани со акционерите „Орка Холдинг“ АД Скопје, компанија во која Јордан Камчев е неизвршен член на Одборот на директори и Цветан Панделески кои поединечно поседуваат по 19,99% во основната главнина на ЗК „Пелагонија“ АД Битола.

Инаку, според информациите објавени преку берзата, за оваа купопродажба согласност дале и Стопанска банка Скопје и НЛБ Банка кои преку извршители поради ненаплатени долгови имаа запленето удели што ЗК „Пелагонија“ ги поседуваше во биогасните електрани.

ЗК „ПЕЛАГОНИЈА“ ИЗВОР НА СУРОВИНИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО

Приоритетната дејност на ЗК „Пелагонија“ АД Битола е одгледување на жита, мешункасти растенија и маслодајно семе. На површините на Комбинатот се одгледуваат житни, фуражни, индустриски, градинарски култури и долгогододишни насади.

Основна дејност на Друштвото е примарно земјоделско производство на нивски култури како што се пченица, јачмен, маслена репа, сончоглед, пченка зрно, пченка силажа и друго. Покрај земјоделието, сточарството е застапено во четири производни области како млечно говедарство, овчарство, свињарство и рибарство.

Вкупниот капацитет на краварските фарми е 5.000 грла од кои 2.250 се молзни крави. Свињарската фарма има капацитет за производство 7.000 свињи во една година, а овчарските фарми имаат капацитет од 4.500 овци, од кои 2.700 се овци за молзење.

На вкупна површина од 214 ха има два рибника со капацитет од 1.200 кг/ха.

Во склоп на комбинатот работи и Фабриката за добиточна храна во која се произведуваат концентрати кои се наменети првенствено за сопствени потреби, а дел од производството на концентрати е наменето и за продажба.

ГАРАНТИРАН ОТКУП НА СТРУЈА ДО 2030 ГОДИНА

Приоритетна дејност на Трговското друштво за производство на електрична енергија „Пелагонија енерџи“ ДООЕЛ Логоварди Битола е производство на електрична енергија.

Друштвото располага со две биогасни електрани со инсталиран капацитет од 6 мегавати, лоцирани во битолските села Логоварди и Породин. Главната суровина од која се добива биогас е ѓубривото од кравите и фуражната пченка.

Продажбата е загарантирана со договор со МЕПСО до 2030 година и со стабилна цена на електричната енергија. Обезбедувањето на суровини е загарантирано од страна на ЗК Пелагонија АД Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗК Пелагонија ја продава „Пелагонија енерџи“

Судот го одби барањето за издавање на времени пасоши на Камчев и Панделески

Камчев се „отвори“ како сведок на судењето за „Рекет“: Боки 13 ми вршеше притисок преку Јанева и Стефанова

Извршител заплени удел во фирма на Цветан Панделески од 2,6 милиони евра

Фото: Орка Холдинг/ФК Пелистер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прометот во индустријата лани зголемен за 13,5%

Редакција

Мојсоска Блажевски: Самит Македонија 2025 и годинава ќе опфати теми важни за нашата иднина, подобро деловно опкружување и поквалитетен живот на граѓаните

Силвана Жежова

Визер ќе продолжи да лета од Македонија

Редакција