еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Османи денеска ќе ги посети Македонците во Албанија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ќе престојува во работна посета на Албанија, каде ќе се сретне со повеќе преставници на македонското национално малцинство и со преставници на локалните самоуправи.

Како што соопшти МНР, министерот Османи ќе оствари средби во Тробиште и Голобрдо, а потоа ќе пристигне во регионот на Пустец.

Во Пустец предвидени се средби со претседателот на Македонската алијанса за европска иднина (МАЕИ), Васил Стерјовски, со градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колевски, како и посета на повеќе локации, училишта, спомен куќи, кои се од посебно значење за локалните жители.

Посетата на Македонците во Албанија Османи ја најави вчера на прес-конференција на новинарско прашање во однос на актуелните тврдења на претставници од македонската заедница во Албанија дека се соочуваат со притисоци да се попишат како Бугари на претстојниот попис закажан во октомври.

– Јас веќе имав комуникација со нив и се договоривме, ќе ги посетам и Пустец, Џепиште и Требиште, каде исто така живее македонско национално малцинство во Албанија.

Ќе ги посетам и општините и училиштето и ќе имам комуникација со граѓаните и нивното здружение во текот на целиот утрешен ден за да ги слушнам нивните забелешки и да видиме што можеме ние да помогнеме во комуникација со Република Албанија, изјави Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Албанија Бугари ниту имало, ниту има, велат Македонците од Преспа, Голо Брдо, Гора

„Битка“ за етничката припадност на малцинството во Голобордо и Гора: Спорот меѓу Македонија и Бугарија се пренесува и во Албанија

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По појавата на салмонела, времено затворени кујните во шест училишта во скопски Карпош

Редакција

Спомениците на бугарските војници кај Кавадарци се целосно недопрени, објави бугарската национална телевизија БНТ

Редакција

„Сега можете да рушите и да викате од УНЕСКО ни рекоа. Ајде!„: Твитер реакции по препораката Охрид да се стави на листата на загрозени светски наследства

Редакција