еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Османи го осуди нападот и ќе го посети нападнатиот секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи го осуди синоќешниот напад врз секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид и побара институциите да го расчистат случајот, а напаѓачите да одговараат.

Тој потврди дека имал телефонски разговор со бугарскиот колега и го уверил дека се работи на расчистување на случајот.

Османи најави дека денеска ќе го посети нападнатиот, кој синоќа заврши во охридската болница и порача „никој не смее да биде нападнат поради погледи, мислења, ставови, чувства, идентитет.“

„Често зборувам дека најголемиот квалитет на оваа држава кој макотрпно го изградивме е мултиетничката функционална демократија, меѓуетничкиот соживот, толеранцијата, мирот и почитување на другиот, на вредностите на другиот.

Нема да дозволиме на никој, дали поради политички интереси или други побуди да го загрози тоа што го постигнавме во сите овие децении,“ додаде Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Охрид од три лица претепан секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“

Бугарското МНР ќе ѝ врачи протестна нота на македонската амбасадорка Поповска за нападот врз секретарот на „Цар Борис Трети“

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Џафери му ја врати инцијативата за собирање потписи за пописот на Мицкоски оти не користел Северна Македонија

Редакција

Боки 13 најавува штрајк со глад: Се чувствувам како политички затвореник

Редакција

(Фото) Панчев: Се надевам дека мојата биографија ќе биде инспирација за младите генерации

Редакција