еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Осум училишта добиле закани за бомби, во неколку веќе утврдено е дека се лажни

Во дел од училиштата во Скопје, кои денеска добија дојави за поставени бомби проверката е завршена и е утврдено дека станува збор за лажни дојави, а во дел од нив проверките се уште траат, информираат од Министерството за внатрешни работи за МИА.

Пет училишта денеска околу 12 часот пријавиле до СВР – Скопје дека на меил адреси добиле закани за поставени бомби. Станува збор за гимназиите „Раде Јовчевски Корчагин“, „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“.

Полицијата испрати тимови, а учениците и вработените беа евакуирани од објектите, каде се вршат проверки.

Подоцна, како што информираа од МВР дополнително е пријавено дека иста закана пристигнала преку електронска пошта до уште три училишта во Скопје и оти и таму се преземаат мерки за безбедно евакуирање на учениците и вработените.

-Веднаш се упатени тимови за антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во дел од училиштата веќе е завршена проверката и утврдено е дека станува збор за лажна пријава, а во дел од училиштата проверките се уште во тек, додаваат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Евакуирани пет училишта во Скопје по добиени закани за поставени бомби

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТЕ-ТО го доби тендерот на „Балкан енерџи“ за набавка на природен гас вреден 21,6 милиони евра

Редакција

Венко Андоновски по 10 години се враќа на сцената со нов роман

Редакција

Марковски компани лани од ЕСМ добила тендери во вредност од 25 милиони евра

Редакција