Триесетдневен притвор добија петте лица осоминичени во случајот на СЈО „Империја“, Јордан Камчев, Цветан Панделески, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска и Тодор Мирчевски кои вчера беа на распит пред судија на претходна постапка
Решенијата за одредените притвори од страна на судија на претходна постапка, како што информираа од СЈО за МИА, ги подигнале ноќеска обвинителките Катица Јанева и Лиле Стефановска, а петмината осомничени во затворот „Шутка“, според новинарските екипи што беа присутни да го дочекаат пристигнувањето на поранешниот премиер Никола Груевски, се донесени околу 2.30 часот.
Во новата истрага „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство вкупно се осомничени 13 лица – Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.
Според СЈО, во текот на предистражната постапка, со преземање различни истражни дејствија како и со примена на посебни истражни мерки, се обезбедени доволно докази од кои произлезе основано сомнение дека од 2002 до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост.
СЈО вчера во соработка со МВР изврши 12 претреси.
МИА/Фото: Влада
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Камчев синоќа пренесен во Шутка: Притвор за дел од петмината во „Империја“