еМагазин
Image default
Македонија

Откако опозицијата остана без кворум, Хоџа од Беса обвинува за закани и уцени

Врвот на опасноста на демократијата се достигнува кога преку недемократски форми, дури и на пратениците им се оневозможува слободното изразување на волјата, објави секретарот на Движењето Беса, Аријанит Хоџа, на својот Фејсбук профил.

– Заканата, уцената или другите форми на влијание се показател за инсталирање режим, кој е ставен над волјата на народот. И покрај се, Движењето Беса ја продолжува војната.

Одиме по нашиот свет пат за да го победиме злото!, пишува Хоџа и додава дека секој поединечно ќе одговара за своите постапки, додека Движењето Беса „продолжува со политичкото патување“.

Тој уште посочува дека соработката на опозицијата со Алијансата за Албанците и Алтернатива „ќе продолжи до последното уривање на овој режим“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На опозицијата ќе и фали пратеник: Реџепи од БЕСА нема да учествува на собраниската седница за гласање недоверба на Владата

Мицкоски пристигна во Собранието, Реџепи од Беса го нарече “современ“ Амди Бајрам

Фото: Фејсбук/Хоџа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ на 4. февруари цел ден ќе го чува гробот на Гоце Делчев

Редакција

Дебар, Скопје и Куманово во 4 фаза, какви се проценките на ризикот за ширење на коронавирусот

Редакција

Убава вест: Оздравени 154 заразени од Ковид-19, најмногу во Скопје и Куманово

Редакција