еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Откриена парцела со марихуана во круг на армиски објект кај Тирана, уапсени тројца припадници на армијата

Во Албанија, како што потврдува последниот случај, се чини дека и воените објекти станале место каде има парцели со марихуана.

– Таков случај е откриен во елитниот армиски оддел во селото Зал Хер, кај Тирана, лоциран во шумски предел. Уапсени се тројца припадници на армијата, додека други четворица се под истрага, меѓу кои и командантот, сите на возраст од 25 до 57 години, јавија албанските медиуми.

Насадот со најмалку 125 стебла марихуана бил откриен со помош на дрон.

Министерот за одбрана Нико Пелеши, се заблагодари на полициските службеници за успешната акција и соопшти дека веднаш се суспендирани сите одговорни лица.

– Силно ја осудуваме секоја незаконска активност. Ги охрабруваме правосудните органи да бидат на ниво на задачата, напиша Пелеши во реакцијата на Фејсбук.

Реагираше и поранешниот началник на Генералштабот на албанската армија, Џемал Ѓикнури, оценувајќи дека станува збор за случај без преседан.

– Овој случај без преседан во историјата на албанската држава мора да биде подложен на длабока анализа на раководните структури на одбранбените и безбедносните функционери и да бидат преземени мерки за да не се повторат вакви ситуации, наведува Ѓинкши.

Опозицијата побара од министерот Пелеши под итно да си поднесе оставка.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повредените во несреќата во Бугарија се во стабилна состојба, еден денеска ќе биде опериран

Редакција

Раководителот од Блаце и уште еден полицаец суспендирани, заработија и кривични

Редакција

Политичкото фијаско со СЈО аргумент плус за „корпа“ од ЕУ

Редакција