Пациентот на кој минатата среда му беше трансплантирано срце од вчера е пуштен на домашно лекување. Само седум дена по операцијата тој се чувствува одлично, објави на својот Фејсбук профил, министерот за здравство Венко Филипче.
Тој уште еднаш изразува голема благодарност до семејството кое прифати да се донираат органите од нивниот близок.
-Ова е петто трансплантирано срце за година и половина и четврто од почетокот на годината. За истиот период се трансплантирани 15 бубрези, а направена е и првата експлантација и трансплантација на коскени ткива, напиша Филипче.
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.