еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Пад на температурата од петок

Продолжува сончевото и многу топлото време со температури до 40 степени до претстојниот викенд, кога се очекува да има намалување на температурите и локален дожд со ретки грмежи.

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат дека до четврток времето ќе биде сончево и многу топло со температури до 40-тиот степен.

Во попладневните часови ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Во петок и во деновите од викендот ќе има намалување на температурите и локален дожд со ретки грмежи.

Утре максималната температура ќе се движи од 29 до 39 степени, во среда до 40, во четврток од 32 до 40, во петок од 29 до 40, во сабота од 27 до 36 и во недела од 28 до 37 степени.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Совет на амбасадори: ЕУ да не го условува почетокот на преговори со донесување уставни промени

Редакција

Допрва ќе се прави проценка дали треба да се набави руската вакцина против Ковид-19

Редакција

(Фото) Бујар Османи слави роденден, а ја откри и роденденската желба

Редакција