еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Пад од 3,8% на индустриското производство во април на годишно ниво

Индустриското производство во април годинава во однос на април лани бележи пад од 3,8 проценти, а раст од 1,5 отсто во периодот јануари –  април 2022 споредено со истиот период од минатата година, покажуваат податоците што ги објави денеска Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во април 2022 година, во однос на април 2021 година, бележи опаѓање од 2,1 процент во Рударство и вадење камен  и од 6,9 отсто во Преработувачка индустрија. Пораст од 28,8 проценти е евидентиран во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Намалувањето во Преработувачката индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во одделите: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема и Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место.

Според главните индустриски групи, производството во април 2022 година, во однос на април 2021 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8 отсто, Капитални производи за 5,2 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,4 отсто, а бележи пораст кај Енергија за 24,1 процент и Трајни производи за широка потрошувачка за 10 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Какви промени носи имплементацијата на законот за употреба на јазиците?

Редакција

Раст на добивката на Хотели-Метропол за 12%

Редакција

1 лице од новопочинатите од коронавирусот во Македонија со претходни заболувања

Редакција