еМагазин
Image default
Да помогнеме

Пејачот Ѓоко Јовиќ на свирка со неговиот бенд собраа близу 1.000 евра за лекување на Симона Николова

Симона е 25 годишна девојка од Скопје која боледува од фридрикова атаксија (нарушување на нервниот систем и немање на рамнотежа на телото).

По собирањето на средства за третман со матични клетки таа има напредок во говорот, повеќе сила и може да застане на нозе со малку помош. Сега и се потребни средства за втор третман и потребни се донации.

Во таа насока, пејачот Ѓоко Јовиќ заедно со неговата група „Енерџи бенд“ имаа свирка во Ресен и собраа близу 1.000 евра донации за Симона.

„Секоја чест за иницијативата на Ѓоко и неговиот бенд и голема благодарност до нив што го прават ова за сите нас кои имаме потреба од финансиска помош за лекување. Исто така им благодарам на сите хумани луѓе кои донираа за мене“, вели Симона за „еМагазин“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Половина од сумата за лекување на Симона Николова е собрана, потребни се уште средства

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Да помогнеме на семејството Васиљевиќ да го донесе телото на нивниот починат син од Шпанија

Редакција

Малиот Марко треба да се оперира од тумор на жолчка и желудник, потребни се средства

Редакција

(Фото) Три деца во радовишко живеат во многу тешки услови, да помогнеме

Редакција