еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски: Беспредметно е да разговараме дали постои македонскиот јазик

Ставот на бугарските академици дека не пости македонскиот јазик е анахрон за 20-от и 21-от век во кој живееме, изјави претседателот Стево Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање во врска со реакцијата на Бугарската академија на науките (БАН) на Повелбата за македонскиот јазик на МАНУ.

– Македонскиот јазик и македонската нација се факт. Македонскиот јазик е лингвистички факт со децении и децении наназад и тоа е утврдено и на меѓународно ниво. Мислам дека е беспредметно да разговараме за нешто што е гол факт, ноторен факт што го знаат сите, не само кај нас и не само кај нив, го знаат во целиот свет, изјави Пендаровски.

Тој потенцира дека и Преспанскиот договор се повикува на Конференцијата на ОН од 1979 година на која македонскиот јазик е нормиран како еден од јазиците во јужнословенската група и е меѓународно признаен.

– Да потсетам според Уставот на поранешна Југославија од 1974 година, таа држава имаше три официјални јазици. Еден од трите јазици беше и македонскиот јазик. Тоа значи дека кога тогашна Југославија беше членка на ОН и во личната карта како на секоја земја членка на ОН уште од 1974 година стоеше и македонскиот јазик.

Значи тоа е апсолутно неспорна работа и јас навистина мислам дека би губеле време да се убедуваме дали нешто постои или не постои. Тоа постои, исто како што македонската нација е факт и околу тоа никој нормален во нашата земја нема да дебатира, ниту да потпишува договори со кого било, истакна Пендаровски.

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Игор Џамбазов и Весна Бејби во нивни стил им одговорија на Бугарите за негирањето на македонскиот јазик

Драги Бугари, на македонски се вели: Глејте си го дворот и излечете си ги фрустрациите

Твитер во „црвено“ за негирањето на македонскиот јазик од страна на Бугарската академија на науките

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Возачот немал никаква реакција, а не работел ни АБС системот за кочење: Судење за несреќата кај Ласкарци

Редакција

14 нови вработувања во Министерството за информатичко општество и администрација

Редакција

62,8% од заболените со Ковид-19 рекле дека имале контакт со потврден случај

Редакција