еМагазин
Image default
Македонија

Пендаровски не сака пари за канцеларија и доживотна пензија како Иванов и Црвенковски, се откажува од привелегиите

Претседателот Стево Пендаровски, по истекот на мандатот нема да ги користи привилегиите кои му следуваат по закон. За телевизијата 24 од неговиот кабинет велат дека Пендаровски ќе се откаже од правото на користење на кабинет со соработници и од доживотната претседателска пензија.

„По истекот на мандатот претседателот смета дека би требало да му се обезбеди просторија во некоја од државните институции каде како поранешен претседател би ги извршувал протоколарните активности“, велат од Кабинетот на претседателот.

Предлогот за намалување на бенефициите на поранешните претседатели ја покрена Антикорупциска комисија, откако трошоците ги оцени како непродуктивни. Според нивните пресметки, Ѓорѓе Иванов и Бранко Црвенковски на пример, годишно имаат на располагање над 100 илјади евра за работни канцеларии, шофер, обезбедување, соработници и претседателска пензија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Генералниот секретар на СДСМ, Николовски е за кратење на бенефициите на функционерите

Сиромашната Македонија ќе продолжи да плаќа за канцеларии на поранешните претседатели Иванов и Црвенковски

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еден од организаторите на Парадата на гордоста, Андоновски: Никој не е слободен додека сите не се ослободат

Редакција

Кривична за Оливер Спасовски за документите и од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

СДСМ му дава поддршка на Мицкоски за итна смена на Гаши

Редакција