еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски повика на лидерска: Не е време за разочарување, туку за обединување

Сега не е време за разочарување, за апатија или за калкулации за добивање на ситни дневно-политички поени. Сега е време за повторно обединување, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски во обраќањето пред нацијата, по повод не добивањето на датум за почеток на преговори со ЕУ.

„Убеден сум дека ако го сакаме доброто на сопствената земја, единствениот исправен пристап, имајќи ги во предвид новите околности е да бидеме уште порешителни во трансформацијата на нашето општество. Ние не треба да бидеме само формално членка во унијата, туку реално да го усвоиме системот на вредности и нивна примена во секојдневниот живот на граѓаните.

Реформите во многу области, а особено функционирањето на правната држава, мора да продолжат и да се интензивираат без никакви калкулации. Справувањето со организираниот криминал и високата корупција не се само услов за интеграциите, тие се, многу повеќе, нужност за опстојувањето на еден оддржлив правен поредок.

Европските стандарди треба да станат домашни стандарди. Ако нашите луѓе не видат европски стандарди на живеење, само формалното членство во Унијата не му е никому потребно.

Во овие моменти, најмалку што ни е потребно, е нашето незадоволство да го насочуваме кон одредени земји членки на Унијата и без потреба да ја трошиме енергијата во креирањето на политички тензии“, рече Пендаровски и додаде дека ги поканил на лидерска средба претседателите на најголемите парламентарни политички партии и од власта и од опозицијата.

Од сите поканети добил позитивен одговор и таа средба е веќе закажана за в недела, на 20 октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон по блокадата: Иднината на Македонија и Западен Балкан не мора да биде во ЕУ

Конечно: Ништо од датум за преговори за Македонија, против биле Франција, Данска и Холандија

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Иринеј бачки: СПЦ ниту го фаворизира, ниту може да го забрани името МПЦ

Редакција

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност!

Редакција

Кои се компликациите од голема кашлица, како се пренесува и лекува?

Редакција