еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Пендаровски, Спасовски и Џафери на божиќен ручек кај г.г. Стефан

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан по повод божиќните празници и својот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик Св.Стефан, денеска приреди традиционален божиќен ручек за државниот врв.

На божиќната трпеза присуствуваа претседателот Стево Пендаровски, премиерот Оливер Спасовски и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Божиќниот ручек традиционално се одржува во резиденцијата на архиепископот г.г. Стефан, а присуствуваа и дел од членовите на Светиот синод на МПЦ-ОА.

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Државниот врв на божиќен ручек кај г.г. Стефан

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите поставувани прашања за коронавирусот и ризиците во бременоста

Редакција

АХВ: Бесплатно микрочипирање на домашни миленици од 1 септември, потоа постапката ќе чини 800 денари

Редакција

Ограничен пристапот до Бигорскиот манастир и целосно забрана за манастирот во Рајчица

Редакција