Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на Твитер вели дека тој не бил поканет за заедничкото интервју за “Другата страна на политиката”, во кое се појавуваат неговите противкандидати Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река.
Не е точно дека сум добил покана за вакво снимање 🙂 Но разбирам ако Силјановска сакала да си сними сама видео со Река. Она што е сепак загрижувачко е бегање од дебатата на Телма за која нема уште објаснување. https://t.co/A8KobJd9n0
— Stevo Pendarovski (@SPendarovski) April 17, 2019
Од Фејсбук заедницата „Другата страна на политиката“, пак велат дека биле поканети сите.
„Дојдовме до идеја, да го бараме “човекот” во нашите претседателски кандидати, а не политичарот во нив. За таа цел испративме покана за интервју до изборните штабови на кандидатите. Тие кои прифатија можете да ги видите во ова ексклузивно видео, а за третиот се надеваме на креативна средба кога ќе ни ја отвори вратата на која тропавме“, велат од Фејсбук заедницата „Другата страна на политиката“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Пендаровски добил покана за заедничкото интервју со Река и Силјановска
(ВИДЕО) Силјановска во заедничко интервју со Река, Пендаровски го нема
Каков имот имаат Пендаровски, Река и Силјановска
Фото: Пендаровски/Фејсбук