Претседателот Стево Пендаровски, во својата денешна реакција по повод најновите случувања во односите со Бугарија, меѓудругото се осврна и на изјавата на поранешниот амбасадор на Бугарија во Македонија, а сегашен пратеник во Европскиот парламент, Александар Јорданов, која содржи навреди и погрдни фрази за македонскиот народ, кој ги оцени за „потполно недолични за еден дипломат и пратеник во Европскиот парламент.“
„Во овој случај сакам да додадам дека не станува збор само за отсуство на елементарна култура кај именуваниот, туку и за најостра форма на говор на омраза, која е без преседан во историјата на македонско-бугарските односи,“ вели шефот на државата.
Според Пендаровски, територијалните претензии и негирањето на македонската нација станаа секојдневие.
„За ваквите негаторски испади, очекуваме навремена и соодветна реакција на официјална Софија,“ додава претседателот Пендаровски во реакцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Кабинет на претседателот