еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

„Перфектен тајминг“ за скандалот со Асим Муса: ЕУ во ист кош треба да ги стави Македонија и Албанија?

Не стивнуваат реакциите по објавата на видеото на албанската ТВ станица „Toп ченел“ на кое може да се види заменик министерот за здравство во македонската Влада, Асим Муса како зема поткуп од пациент од Албанија со цел да му овозможи операција во болница во Струга.

Интересно е што објавата на видеото од скандалозната постапка на Муса, кој е функционер од редовите на ДУИ доаѓа во период кога се кршат копјата околу прашањето дали Македонија ќе добие датум за почнување на пристапните преговори со Европската Унија и уште поважно дали нашата земја ќе биде ставена во ист кош со Албанија при одлучувањето на европските лидери.

Не треба да се заборави дека во изминатиов период пораки дека двете земји треба да се разгледуваат во пакет кога се во прашање ЕУ-преговорите пристигаа од Албанија, Грција и уште неколку европски земји.

Откако вчера беше одбиено финското барање да се отворат пристапните преговори со нашата земја, а во меѓувреме да се усвои нова методологија за преговори која ја бара Франција станува се поизвесно дека е можен пакет-епилог односно Македонија да не добие датум за преговори се додека Албанија не ги исполни потребните услови.

Видеото со Асим Муса само покажува дека пред да бара преговори со ЕУ, Македонија навистина треба најпрво да расчисти со корупцијата на сите нивоа наместо да мижи пред коруптивните однесувања на функционерите од власта, а пред се оние од ДУИ за кои засега по многуте јавни обвинувања за криминал и отворените истраги нема никаква судска завршница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Асим Муса, заменик министерот за здравство од ДУИ снимен како зема поткуп

Не чека ли ново понижување од ЕУ преку јалов обид за одложени преговори

Фото: Фејсбук/Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зеленски најави можност за мировни преговори со Русија

Редакција

(Видео) Две лица ја запалиле канцеларијата на директорот на студентскиот дом „Пелагонија“

Редакција

На излез од земјата ќе се става печат со појаснување дека патните исправи се на Република Северна Македонија

Редакција